Интересни информации открија Јужнокорејците поврзани со фудбалерот на Црвена Звезда, Јунг Ву Сеул.
Во оваа земја сè уште има задолжителен воен рок, меѓутоа постојат исклучоци ако некое лице има направено државен успех. Бидејќи Сеул беше освојувач на медал со Јужна Кореја на Азиските игри тој доби воен исклучок, меѓутоа и покрај тоа мора да мине само кратка воена основна обука.
Јужнокорејскиот новинар Јоел Ким објави дека во периодот кога неговите соиграчи се во полн ек на зимски подготовки, Јунг Ву Сеул е во родната земја за да ја мине оваа обука.
Тука немаше да има ништо спорно ако Црвена Звезда излезеше транспарентно и ја известеше јавноста. Бидејќи не го направи тоа, а претставник на клубот кажа дека Сеул доцни на подготовките поради проблеми со летот, сега клубот се најде на критики и удар на јавноста.