Црвена Звезда на најтешкото гостување во ЛЕ без најдобриот играч оваа сезона

by 24 фудбал
1 минути читање

Црвена Звезда ќе му гостува на Порто во второто коло од Лигата Европа без својот најдобар играч оваа сезона. Александар Катаи заработи повреда на коленото на натпреварот со Селтик и ќе паузира неколку недели.

Српскиот шампион потврди дека офанзивецот ќе биде надвор од терените и нема да му биде на располагање ниту на селекторот Драган Стојковиќ за октомвриските дуели со Албанија и Андора.

На мечот од првото коло на Лигата Европа, Катаи го повреди коленото и пред него е неколкунеделна пауза. Се очекува да биде во конкуренција по репрезентативната пауза во октомври“, соопштија од клубот.

Катаи е во одлична форма и моментално е најдобар стрелец во српското првенство со 11 постигнати голови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×