Црвена звезда и Салцбург одиграа без голови на празната „Маракана“, ПАОК извади реми кај Бенфика

by
1 минути читање

Црвена звезда и Салцбург одиграа без голови. Натпреварот немаше возбудувања особено во првиот дел. Во вториот дел српскиот шампион имаше две големи шанси, но голманот на гостите, Станковиќ фантастично ги одбрани ударите на Дегенек и Стојковиќ.

Црвена звезда овој натпревар го играше пред празен стадион поради казна од УЕФА, црвено-белите ја немаа поддршката од своите навивачи, па не успеаа да ја искористат предноста на домашен терен. Во Австрија ќе мора да останат непоразени за да се пласираат во групната фаза од Лигата на шампионите.

Бенфика беше голем фаворит против ПАОК, но одигра само 1-1 во Лисабон.

Домаќините поведоа пред самиот крај на првиот дел со гол на Пици од пенал. На 15 минути до крајот ПАОК изедначи преку Варда. На Бенфика тешко ќе и биде на гостувањето во Солун.

Најмногу голови имаше на дуелот меѓу БАТЕ Борисов и ПСВ кој го доби холандскиот тим со 3-2.

БАТЕ поведе уште во деветата минута преку Туоминен, но Бенфика со голови на Переиро и Лозано го сврте натпреварот во своја полза.

Во 88. минута Александер Хлеб го изедначи резултатот, но радоста на домаќините траеше многу кратко бидејќи веќе во следната минута Мален донесе победа за ПСВ.

Утре се играат преостанатите три дуели, Ајакс – Динамо Киев, МОЛ Види – АЕК и Јанг Бојс – Динамо Загреб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×