Црвена Звезда го продава „српскиот Меси“ за рекордна сума во тимот на Елмас!

by 24 фудбал
1 минути читање

Црвена Звезда реализира трансфер што ќе остане запишан со златни букви во историјата на клубот. Андрија Максимовиќ се сели во РБ Лајпциг за рекордни 14 милиони евра.

Белградскиот гигант договори и бонус од 10% од следната продажба, што значи дека конечната заработка би можела да биде уште поголема.

Лајпциг уште од стартот беше најупорен во трката по потписот на младиот бисер, па не изненади што токму германскиот клуб го доби потписот на играчот од средниот ред.

Максимовиќ има само 18 години, е изданок на школата на Звезда, а минатата сезона ја мина на позајмица во Графичар. Во Србија тој е популарен како „српскиот Меси“ поради својот голем талент.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×