Црвена звезда за првпат се враќа со победа од Франција, црвено-белите одиграа одличен меч, го победија Лил со 1-0, а дури имаа шанси и да слават поубедливо.
Српскиот шампион одигра изненадувачки добар натпревар, Дејан Станковиќ играше офанзивно, со висока одбрана, а Лил не успеа да создаде ниту една шанса.
Клучниот момент се случи во судиското продолжение од првиот дел кога Учена најдобро се снајде и погоди за водство на Црвена звезда од 1-0 што беше и конечен резултат.
Штутгарт со 4-1 го победи Селтик среде Глазгов и си ја заврши работата, Лудогорец на домашен терен беше подобар од Ференцварош, а Панатинаикос и Викторија Плзен одиграа 2-2.