221
Црвена звезда го загуби првиот меч од Пафос со 2-1 и тоа среде Белград, па во Кипар ќе им треба совршен натпревар за да ја дополнат негативата и да се пласираат во Лигата на шампионите.
Како дополнителна мотивација за таков подвиг, клубот одреди високи премии за фудбалерите.
Ако го поминат Пафос секој од играчите ќе добие по 100.000 евра. Сумата ќе биде уште поголема, односно 120.000 евра по играч ако обезбедат пласман без продолженија или пенали.
Во случај Звезда да не успее, сезоната ќе ја продолжи во лигашката фаза од Лига Европа.
Мечот меѓу Пафос и Црвена звезда се игра утре (вторник) од 21 часот.
Фото: FK Crvena zvezda/FB