Вулверхемптон по
втор пат оваа сезона го совлада Манчестер Сити, вечерва „волците“ приредија
голам пресврт и со два гола во финишот стигнаа до триумф од 3-2.
Натпреварот почна
лошо за гостите, по една контра, Жота се најде осамен кон голот на гостите,
беше соборен надвор од шеснаесетникот од Едерсон, па судијата немаше друг избор
освен да му покаже црвен картон на голманот.
Но и со играч
помалку, Манчестер Сити поведе. Марез падна како покосен по минимален контакт
но судијата со помош на ВАР покажа на белата точка. Руи Патрисио го одбрани
ударот на Стерлинг, но пеналот беше поновен. Голманот на Волвс го прочита
Англичанецот и во вториот обид, но немаше среќа откако топката се одби пред
Стерлинг кој рутински реализираше од пет метри за 0-1.
На стартот од
вториот дел, „граѓаните“ поведоа со 0-2, по една брза контра, Стерлинг ја дуплираше
предноста.
Вулверхемптон се
врати во игра во 55. минута, Траоре од врвот на шеснаесетникот биеше прецизно
по земја за 1-2. Истиот играч е најзаслужен и за голот за 2-2 откако му одзеде
една топка на Менди и му асистираше на Хименез во 82. минута.
Домаќините добија
крилја по овој гол, гостите не можеа да се соземат, па Доерти во 90. минута им
го зададе финалниот удар и донесе триумф за Вулверхемптон од 3-2 .