Црногорците му ја доверија клупата на првиот капитен!

by 24 фудбал
1 минути читање

Роберт Просинечки повеќе не е селектор на Црна Гора, а федерацијата веќе го избра неговиот наследник. Нов предводник на националниот тим ќе биде Мирко Вучиниќ, еден од најголемите фудбалери во историјата на оваа земја.

Поранешниот напаѓач на Јувентус и прв капитен на Црна Гора досега работеше како асистент во стручниот штаб, најпрво кај Миодраг Радуловиќ, а потоа и кај Роберт Просинечки. Сега ќе ја добие шансата да го води тимот самостојно.

Вучиниќ е симбол на нашата репрезентација уште од првиот ден. Тој е стрелец на првиот гол во нашата независна историја и прв капитен, а по завршувањето на играчката кариера продолжи да го пренесува своето искуство како дел од стручниот штаб. Со ова именување тој стана осми селектор на Црна Гора“, се вели во соопштението на федерацијата, која воедно му се заблагодари на Просинечки за изминатата работа.

Вучиниќ ќе има договор до крајот на годината и ќе ја води репрезентацијата во квалификациските натпревари против Фарски Острови, Гибралтар и Хрватска, како и во контролниот дуел со Лихтенштајн. Таму ќе добие можност да се докаже и да ја заслужи довербата за подолгорочен ангажман.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×