Голема хрватска и светска фудбалска ѕвезда, Лука Модриќ го одигра финишот од вчерашниот меч против Црна Гора во Подгорица и доби овации од тамошната публика.
Хрватска претходно го завери пласманот на Светското првенство, па беше нејасно дали Модриќ ќе игра на мечот со Црна Гора.
Уште пред почетокот на мечот Далиќ ги реши дилемите.
„Публиката во Црна Гора заслужува да го види Лука Модриќ. Тој сигурно ќе игра. Тој е светски врв во фудбалот и ова е шанса да го покаже тоа и во Подгорица“, им порача селекторот Далиќ на Црногорците пред почтокот.
Модриќ во игра влезе во 78. минута и не само аплауз и овации, тој доби и скандирања „Лука, Лука…“.
Црногорските медиуми пишуваа: „Влезе и Лука Модриќ и го доби тоа што го заслужува, аплауз од публиката во Подгорица“.
Хрватска со 3-2 го доби мечот.