Црн ден за „црните мачки“, Сандерленд испадна од Премиерлигата

by
0 минути читање

Обично се спасуваа, но не и оваа сезона, Сандерленд на четири кола пред крајот испадна од Премиерлигата.

Денеска на свој терен загубија со 1-0 од Борнмут и во следната сезона и дефинитивно ќе играат во Чемпионшип дивизијата.

На денешните четири натпревари од Премиерлигата беа постигнати само два гола. Покрај тој на стадионот на Сандерленд, Лестер со погодок на Џејми Варди славеше на гостувањето кај ВБА.

Натпреварите на Саутемптон со Хал и Стоук со Вест Хем завршија без голови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани