Англискиот медиумски гигант „Дејли Мејл“ како црн ден за Англија го означи денот кога Томас Тухел се договори да ја води репрезентацијата на Гордиот Албион.
Во текот на денешниот ден Тухел и официјално ќе биде назначен за нов селектор на Англија. Тој со работа ќе почне од 1 јануари 2025 година, а договорот му е со траење до завршувањето на Светското првенство во 2026 година. Годишната плата на Германецот ќе биде 5 милиони евра.
Но, не сите се задоволни од изборот. И покрај тоа што фактите велат дека англиските тренери се само просечни и не освоиле ниту Премиерлига, ниту големо европско натпреварување, „Дејли Мејл“ смета дека не требало Германец да биде селектор на Англија.
„Дејли Мејл“ излезе со коментар со наслов: „Црн ден за Англија“, а во него пишува дека не им е потребен германски тренер да ѝ помага на Англија.
Тухел и не е првиот странец кој бил селектор на Англија, од 2007 до 2012 англичаните ги предводеше италијанскиот стратег, Фабио Капело.