245
„Сините“ испратиле понуда вредна околу 20 милиони евра за услугите на Филип Јоргенсен од Виљареал.
Челси минатото лето ангажираше двајца голмани, за 20+5 милиони фунти беше донесен Роберт Санчез од Брајтон, а потоа за 12,5+1,5 милиони фунти беше донесен и Ѓорѓе Петровиќ од Њу Ингланд револушн.
Сепак, тренерот Енцо Мареска има други замисли и сака да купи нов голман ова лето.
Последните информации велат дека „сините“ испратиле понуда вредна околу 20 милиони евра за услугите на Филип Јоргенсен од Виљареал.
Данецот има откупна клаузула од 40 милиони евра, но „жолтата подморница“ е подготвена да пронајде компромис