Член на персоналот на Манчестер јунајтед се предозирал во Перт, веднаш пренесен во болница

by
1 минути читање

„Ѓаволите“ во
моментов се на турнеја во Австралија каде треба да одиграат неколку тест
средби. Стартот на подготовките е нарушен од веста дека член на персоналот итно
бил пренесен во болница.

Манчестер
јунајтед не откри детали и само соопшти дека во хотелот каде што престојуваат,
му се слошило на човекот. Според пишувањата на медиумтие се работи за маж на
возраст од околу 50 години и првите сомнежи се дека тој се предозирал, но сега
е во стабилна состојба.

Од болницата во
која е примен членот на персоналот на Манчестер јунајтед се уште се немаат
огласено, и во моментов не е јасно дали предозирањето настанало поради конзумирање на
недозволени дроги, препишани лекови или поради некоја медицинска состојба.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×