Чиле е во финалето, Португалија не даде ниту еден гол во пенал серијата! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Чиле е првиот финалист на Купот на конфедерациите откако по подоброто изведување на пенали го елиминираше Европскиот шампион, Португалија.

Натпреварот по 120 минути беше нерешен 0-0, а поблиску до победа беше Чиле кој во 119. минута во иста акција успеа да ги погоди и стативата и пречката. Се премина кон изведување на пенали, а таму се случуваше чудо.

Португалија не успеа да даде гол во пенал серијата!

Видал беше прецизен за Чиле во првата серија, а Клаудио Браво го одбрани ударот на Кварезма. Следуваше прецизен шут на Арангуиз, и нова одбрана на Браво, овој пат при шут од Мутињо. Во третата серија прецизен кај Чиле беше Алексис Санчез, а Нани му овозможи уште една интервенција на Клаудио Браво по што славјето можеше да почне.

Чиле во финалето ќе го чека подобриот од утрешното второ полуфинале помеѓу Германија и Мексико.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани