Три натпревари се
одиграа денеска, а љубителите на фудбалот имаа можност да проследат
спектакуларен меч помеѓу Вест Хем и Хадерсфилд, екипа која сезонава ќе испадне
од елитното друштво на Островот и ќе се врати во Чемпионшип дивизијата.
Вест Хем славеше
со 4-3, иако гостите имаа водство од дури 1-3 во второто полувреме, а први до
водство дојдоа токму Чеканите со голот на Ноубл од пенал во 15. минута.
Само две минути
траеше радоста на домаќините откако Бакуња израмни на 1-1, а Ахерн-Грант во 30.
минута донесе пресврт за Хадерсфилд од 1-2, а со тој резултат се замина на
паузата.
Во второто
полувреме истиот играч му донесе водство на гостинот и од 1-3, но и тоа не беше
доволно ниту за бод за последно пласираната екипа на табелата во Премиерлигата.
Огбона во 75.
минута намали на 2-3 и навести интересна завршница од пресметката во Лондон, во
која вистински херој беше „златната резерва“ Чичарито, откако мексиканскиот
напаѓач најпрво во 84. минута израмни на 3-3, за во судиското продолжение
погоди и за конечни 4-3.
Од останатите
натпревари, Борнмут и Њукасл ремизираа со 2-2, а Лестер беше подобар на
гостувањето кај Барнли триумфирајќи со 1-2.
Утре се среќаваат
Фулам – Ливерпул, како и Евертон – Челси.
Обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, регистрирај се ТУКА.