Чурлинов: За нас не постои пријателски натпревар, секој натпревар за Македонија е приоритет!

by Стефан
1 минути читање

Заедно со селекторот Благоја Милевски на денешната редовна прес-конференција пред утрешниот натпревар со Летонија присуствуваше и фудбалерот Дарко Чурлинов.

Чурлинов истакна дека без разлика што станува збор за пријателски натпревар, кога играат за Македонија секогаш одат на победа. Според него најважно ќе биде како ќе се влезе во натпреварот.

„За нас не постои пријателски натпревар, секој следен меч за Македонија е приоритет, атмосферата е супер, имаме шанса благодарение на селекторот да ја претставуваме Македонија на ова ниво. Се надевам дека договореното ќе го покажеме на теренот. Најважно е да влеземе како треба против Летонија, секоја победа носи самодоверба и важно е да се триумфира“, изјави Чурлинов.

Дуелот е закажан за во терминот од 18:00 часот, пет дена подоцна следи натпреварот со Велс кој е последен од квалификациите за СП.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×