Утре во Скопје во рамките од третото коло во Конференциската лига силите ќе ги одмерат екипите на Шкендија и Јагелонија, а во овој натпревар за полскиот тим ќе навива и македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов.
Чурлинов минатата сезона со многу успех го носеше дресот на овој тим и стана вистински миленик на навивачите, а сега не крие дека утре ќе биде страната Јагелонија.
Тоа го покажа со коментарот на социјалните мрежи на објавата во која Јагелонија го најави гостувањето во Скопје. Во овој момент, Чурлинов го носи дресот на Кочаелипсор од Турција.