472
Дарко Чурлинов им се приклучи на Бобан Николов и Дамјан Шишковски во осминафиналето од Конференциската лига откако Јагелонија повторно со 3-1 го совлада тимот на Бачка Топола.
Чурлинов овој меч го почна од клупата за резерви, во игра влезе во 71. минута.
Јагелонија повторно победи со 3-1 и со вкупни 6-2 оди во осминафиналето од Конференциската лига.
Таму ќе биде и Борац Бања Лука на Николов и Шишковски кој одигра 0-0 во Љубљана против Олимпија, а тоа беше доволно да се сочува минималната предност од првиот меч.