„Граѓаните“ решија вчерашниот тренинг да го емитуваат на стрим во живо а навивачите останаа зачудени откако Фил Фоден, Џек Грилиш, Илкај Гундоган и Ерлинг Халанд промашија пенал на празен гол без голман.
Манчестер Сити е во голема резултатска криза, на последните 10 натпревари има само две победи, исто толку нерешени резултати и дури шест порази.
Во пресрет на натпреварот против Јувентус во Лигата на шампиони, „граѓаните“ решија вчерашниот тренинг да го емитуваат на стрим во живо, а навивачите остана зачудени од едни сцени.
Имено, Фил Фоден, Џек Грилиш, Илкај Гундоган и Ерлинг Халанд промашија пенали на празен гол без голман.
И додека многумина не можеа да поверуваат што се случува, има и едно друго објаснување кое вели дека ѕвездите на Манчестер Сити не вежбале изведување на пенали, тукy вежбале прецизност и предизвикот бил кој ќе ја погоди рамката од голот, а не да ја затресе мрежата.
Manchester City players were practicing penalties during training… but NONE of them scored ❌
— Gambling.com (@gambling_com) December 10, 2024
Phil Foden, Jack Grealish, Ilkay Gundogan and Erling Haaland all missed their spot kick…
There was no goalkeeper in goal 😳 pic.twitter.com/SoXWqDR3jL