Лион овој месец го донесе Ендрик на позајмица од Реал Мадрид, зделката е вредна околу 1 милион евра, но клубот од Франција може и да не плати ништо.
Ендрик не доби шанса кај Чаби Алонсо, па овој месец се пресели во Лион на позајмица до крајот на сезоната.
Медиумите сега откриваат повеќе детали од договорот помеѓу двата клуба, во кој има чудни клаузули и услови.
Основниот договор е дека Лион треба да плати 1 милион евра, но сумата може да се намали доколку Ендрик добива шанса за настап.
Една од клаузулите вели дека за секој 5 старта на Бразилецот, Лион ќе добие попуст од 200.000 евра.
Па доколку Ендрик започне 25 натпревари, Лион нема да треба да му плати ништо на Реал Мадрид.
На овој начин, Лион е стимулиран да му даде што е можно поголема минутажа на Ендрик, и наместо Бразилецот да дреме на клупа, ќе се развива и ќе бележи прогрес.
ФОТО: X/Olympique Lyonnais