Ретко се случува некој фудбалер да добие десетка за својот настап, а тоа сега му успеа на голманот на Ремс во натпреварот против Ленс во рамките од 29. коло во Лига 1.
Ремс славеше победа од 2-0, двата гола ги постигна Кеита Накамура, но херој во триумфот беше голман Јехван Диуф.
Диуф имаше дури 14 одбрани, а десет удари беа упатени од шеснаесетникот. Тоа е најголем број на oдбрани на еден голман во Лига 1 во последните десет години, како и во сите првенства од август 2022 година. Поради тоа сосема заслужено беше награден со „десетка“.
Во Рен Диуф е од 2020 година, претходно беше во Троја и бранеше за младите селекции на Франција, но не доби повик во сениорскиот тим, па одлучи да го промени државјанството и брани за Сенегал од каде што потекнува неговиот татко.