Човекот кој од Челси направи европски првак се враќа во фудбалот и тоа во Турција?

by 24 фудбал
1 минути читање

Рускиот милијардер и поранешен сопственик на Челси, Роман Абрамович, планира враќање во европскиот фудбал преку купување на Галатасарај, пренесуваат турските медиуми.

Весникот „Созџу“ објави дека Абрамович е во напредни преговори за преземање на мнозинскиот пакет акции и дека веќе купил вила во Истанбул, што ги засили шпекулациите. За зделката ќе му биде потребна дозвола од турските власти.

Абрамович го водеше Челси од 2003 до 2022 година, период во кој клубот освои две титули во Лигата на шампионите и пет шампионски трофеи во Англија.

Галатасарај е актуелен шампион на Турција, моментално е најбогат и чекор пред останатите во земјата, а доаѓање на Абрамович дополнително би ги издвоило од конкуренцијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×