Човек од доверба на Влаховиќ откри каде напаѓачот ќе ја продолжи кариерата

by bojan
1 минути читање

Фитнес тренерот на репрезентацијата на Србија, Душан Илиќ верува дека Барселона ќе биде следната дестинација на Душан Влаховиќ.

Душан Влаховиќ ги одработува последните месеци од договорот со Јувентус, летоска беспари ќе го напушти Торино, па е привлечна опција за неколку клубови.

Милан силно притиска за неговиот потпис, но фитнес тренерот на репрезентацијата на Србија вели дека напаѓачот ќе ја продолжи кариерата во Барселона.

„Ќе се пресели во Барселона, барем јас така мислам. Пред да се пресели во Јувентус, имаше шанса да игра во Шпанија, имаше понуда од Атлетико Мадрид. Но тогаш одлучи да остане во Италија. Сепак ситуацијата сега е поинаква“ – вели Душан Илиќ, кој важи за човек од доверба на Душан Влаховиќ.

Србинот во моментов е надвор од стројот поради повреда, но Душан Илиќ предвидува дека голгетерот многу брзо ќе почне да ги тресе противничките мрежи.

„Повредата се случи на многу специфично место, затоа и се опоравува побавно, процесот на заздравување ќе трае подолго“.

„Но можам да кажам дека наскоро ќе го видиме на терените, мислам дека ќе почне да игра на почетокот од март и повторно ќе биде оној стариот, ќе постигнува голови и ќе ги тероризира противничките дефанзивци“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×