Чоло Симеоне строг кон синот: На Џулиано никој ништо не му поклонил, тој добро го знае тоа!

by 24 фудбал
1 минути читање

Атлетико Мадрид во рамките на 31. коло на Ла Лига убедлив го победи Ваљадолид (4-2).

Овој натпревар го одбележа одличниот гол на Џулиано Симеоне, синот на тренерот на „јорганџиите“ Диего. Младиот фудбалер се истакна и стана тема за разговор, па по мечот коментар за него даде и гордиот татко и тренер Чоло Симеоне.

Не очекував дека ќе игра вака оваа сезона, иако очекував да ни биде од помош. Игра добра сезона и се надевам дека може да го одржи тоа ниво. Нему никој ништо не му поклонил во Атлетико и никој никогаш нема да му даде нешто само така. Џулиано го знае тоа, ме познава подобро од било кој“, изјави строгиот Симеоне.

Џулиано Симеоне е дел од Атлетико Мадрид од 17 годишна возраст, минатите две сезони ги мина на позајмица во Зарагоса и Алавес, а на стартот на оваа доби шанса во првиот тим. Оттогаш на 40 настапи забележа пет гола и седум асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани