Чави наместо да го планира тимот за следната сезона, води преговори со Барселона за компензацијата која ќе ја добие тој и неговите асистени, откако на Жоан Лапорта не му се допаднале плановите на стратегот.
Жоан Лапорта и Чави пред нешто повеќе од еден месец се договорија да продолжат заедно и во сезоната 2024/25, но стратегот минатата недела доби отказ на големо изненадување.
Низ медиумите кружат најразлични причини за ваквата разврска, најчесто се пишуваше дека Жоан Лапорта се почувствувал предаден од зборовите на Чави пред натпреварот против Алмерија, кога стратегот кажа дека Барселона нема пари за да му конкурира на Реал Мадрид и останатите гиганти ширум Европа.
Но имало случувања и зад сцената, се шпекулира дека на состанокот помеѓу Лапорта и Чави пред месец дена, било договорено дека нема да има големи промени во составот.
Сепак, само неколку дена подоцна, по поразот од Жирона, Чави ја променил позицијата и сакал да биде направена голема чистка и на овој начин да се приберат пари за три-четири квалитетни засилувања.
Чави сакал засилување од типот на Зубименди или Кимих за срцето на средниот ред, сакал нов десен бек во името на Фојт, сакал ново крило како Нико Вилијамс, а ја побарал и дамнешната желба Бернардо Силва.
Еден ваков трансфер пазар ќе чини околу 200 милиони евра, пари кои Барселона ги нема, и ќе мора да продава, нешто на кое Чави не се противел.
Стратегот предложил продажба на звучни имиња како Рафиња и Френки де Јонг, и разделба со играчи како Витор Роке, Маркос Алонсо и Ориол Ромеу. Тој исто така не сакал да ги задржи Жоао Кансело и Жоао Феликс.
Поради ова, јазот помеѓу Жоан Лапорта и Чави се зголемил, па наместо стратегот сега да го планира тимот за следната сезона, води преговори со Барселона за компензацијата која ќе ја добие тој и неговите асистенти по отказот.