Четврти светски првак од 2018 замина во пензија!

by 24 фудбал
1 минути читање

Легендарниот француски голман Стив Манданда стави крај на својата богата професионална кариера на 40-годишна возраст, објавија денеска француските медиуми. Последната сезона ја мина во дресот на Рен, а токму таа се покажа како последна во неговата кариера. Манданда за француските новинари потврди дека дефинитивно се повлекува.

Ми требаше време да прифатам дека е крај, затоа што навистина не е лесно, но да, завршив со кариерата“, изјави тој.

Во текот на летото добил понуди од неколку клубови како Авр, Лоријан, Генгам, Брест и Монпеље, но ги одбил сите. „Имав многу време да размислам за сè и на крај одлучив да кажам стоп“, додаде Манданда.

Тој останува запаметен како голман со најмногу настапи во дресот на Олимпик Марсеј со неверојатни 613 мечеви. За репрезентацијата на Франција бранел 35 пати и беше дел од златната генерација која стана светски првак во Русија во 2018 година.

Манданда е четвртиот играч од шампионскиот тим кој се повлекува, по Блез Матуиди, Адил Рами и Рафаел Варан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×