Четири премиерлигашки пресметки во осминафиналето на Лига купот

by 24 фудбал
0 минути читање

Познати се сите осминафинални двојки во англискиот Лига куп по одигрувањето на вчерашните четири натпревари. Очекувано, најголем дел од учесниците доаѓаат од Премиерлигата, но својот пат во натпреварувањето продолжуваат и второлигашите Свонси, Гримзби, Рексам и Викомб.

Ждрепката ги избегна најголемите фаворити, а најголемо внимание привлекува премиерлигашкиот дуел меѓу Њукасл и Тотнем.

Осминафинале во Лига купот:
Арсенал – Брајтон
Гримзби – Брентфорд
Свонси – Манчестер Сити
Њукасл – Тотенхем
Рексам – Кардиф
Ливерпул – Кристал Палас
Вулверхемптон – Челзи
Викомб – Фулам

Натпреварите од осминафиналето се закажани за 26 и 27 октомври.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×