238
Денеска на програмата се четири мечеви на Светското клупско првенство, европскиот вицешампион Интер ќе го одигра првиот натпревар, но тој е дури во три часот по полноќ.
За разлика од вчера, овојпат фудбалскиот ден ќе започне порано. Од 18 часот има интересен дуел меѓу Флуминенсе и Борусија Дортмунд.
Од 21 часот Ривер Плата ќе излезе на мегдан со Урава.
Најмалку атрактивниот дуел, барем според имињата е на полниќ кога ќе се сретнат Улсан и Мамелоди.
Програмата за овој ден ќе заврши во три часот по полноќ кога играа Интер и Монтереј.
СКП распоред:
18:00 Флуминенсе – Борусија Дортмунд
21:00 Ривер Плата – Урава
00:00 Улсан – Мамелоди
03:00 Монтереј – Интер
Фото: X/Inter