Пред четири години на денешен ден репрезентацијата на Македонија приреди изненадување кое силно одекна во целиот свет победувајќи ја Германија во Дуизбург со 1-2.
Станува збор за една од најголемите победи во нашата историја и од тој ден поминаа цели четири години, но сите добро се сеќаваме на оваа средба.
Иако, Германија имаше иницијатива, Македонија прва поведе со голот на Пандев пред крајот на првото полувреме. Германија до израмнување дојде со погодокот на Илкај Гундогодан, а за еуфорија помеѓу македонската публика се погрижи Елиф Елмас кој стрелаше во 85. минута.