Европската куќа на фудбалот соопшти дека е отворена истрага против Килијан Мбапе, Антонио Ридигер, Винисиус Жуниор и Дани Себаљос, сите четворица се товарат дека се однесувале недолично по натпреварот против Атлетико Мадрид во Лигата на шампиони.
„Кралевите“ би можеле да бидат значително ослабени во пресметката против Арсенал во четвртфиналео, УЕФА отвори истрага против четворица фудбалери.
Килијан Мбаше, Антонио Ридигер, Винисиус Жуниор и Дани Себаљос се товарат за недолично однесување по крајот на натпреварот против Атлетико Мадрид, и победата на пенали против лутиот градски ривал.
Килијан Мбапе е под лупа поради тоа што си ги фаќал гениталиите, Антонио Рудигер пак порачувал дека ќе „сече глави“ додека пак Винисиус Жуниор и Себаљос се расправале со публиката.
Постои шанса фудбалерите да добијат суспензии, но најверојатно ќе поминат само со парична глоба.