Челси во 93. минута остана без победа против Барнли (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Челси во последните моменти од натпреварот против Барнли на свој терен денеска останаа без три бода.

Многу рано дојдоа домаќините до водство, Жоао Педро го отвори резултатот по само четири минути игра. Во продолжение видовме по некоја прилика на двете страни, но резултатот не се промени.

Второто полувреме донесе слична слика на теренот, а на 20-тина минути пред крајот Весли Фофана заработи втор жолт картон и Челси остана со фудбалер помалку. Барнли играчката предност ја искористи дури во самата завршница кога Флеминг во третата минута од судискот опродолжение погоди за 1-1.

Веднаш по голот Барнли создаде и добри прилики за целосен пресврт, меѓутоа остана 1-1.

Во преостанатите два натпревари Брајтон го совлада Брентфорд на гости со 2-0, додека Астон вила и Лидс одиграа исто така 1-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×