„Сините“ планираат да продадат или позајмат осум фудбалери во последните две недели од преодниот рок, целта е да се приберат околу 300 милиони фунти и летниот трансфер период да се заврши на позитивна нула.
Челси има еден од најголемите состави во Премиерлигата и до овој момент продаде 10 фудбалери.
Нони Мадуеке беше најголемата продажба вредна околу 50 милиони фунти, а Стемфорд Бриџ го напуштија и Жоао Феликс, Ѓорѓе Петровиќ, Лесли Угочукву, Кирнан Дусбери Хол, Армандо Броја, Матис Амугу, Башир Хамфрис, Кепа Аризабалага и Маркус Бетинели.
Од овие зделки „сините“ прибраа околу 230 милиони фунти, но целта е до крајот на летото да се стигне до 300 милиони фунти, па затоа има уште 8 имиња на листата за отстрел.
На продажба или позајмица треба да заминат Рахим Стерлинг, Кристофер Нкунку, Николас Џексон, Ренато Веига, Аксел Дисаси, Карни Чуквуемека, Бен Чилвел и Тајрик Џорџ.
Идејата е летниот трансфер период да биде завршен на позитивна нула, односно сумата потрошена за засилувања да биде горе доле слична со сумата добиена од продажба и позајмица.