Челси со ,,седмица” до полуфиналето во ФА Купот (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Челси без никакви проблеми изборија пласман во полуфиналето на ФА Купот, откако со убедливи 7-0 славеа против Порт Вејл.

Лондонскиот тим уште во првото полувреме ја најави високата победа, кога стекна сигурна предност од 3-0 и практично го реши прашањето околу победникот. Хато и Педро се запишаа во листата на стрелците, додека Лоренс-Габриел си постигна автогол.

Во вториот дел „сините“ продолжија со доминацијата и ја наполнија мрежата на противникот. Стрелци на преостанатите погодоци беа Адаробијо, Андреј Сантос и Естевао, а точка на убедливата победа стави Гарначо кој реализираше удар од белата точка за конечни 7-0. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×