Челси со гол во 96. минута го реши шампионот во Премиер! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Челси извојува голема победа на „Стемфорд Бриџ“ и во дербито од седмото коло на Премиер лигата го совлада Ливерпул со 2-1, благодарение на погодок во самиот финиш на натпреварот.

Тимот на Енцо Мареска одлично го започна мечот и уште во 14. минута стигна до водство. Мало Густо упати прецизен центаршут, а Мојсес Каиседо со маестрален удар од работ на шеснаесетникот го совлада Мамардашвили. Ливерпул се обиде брзо да одговори преку Соболсај, но неговиот обид беше блокиран. До паузата Челзи имаше уште неколку можности, најсериозни преку Гарначо и Исак, но резултатот остана непроменет.

На почетокот од второто полувреме Салах ја раздвижи одбраната на домаќините, а израмнувањето стигна во 63. минута кога Гакпо по додавање на Исак ја смести топката во мрежата за 1-1. Двете екипи потоа влегоа во отворена игра, со неколку изгледни шанси на двете страни.

Во завршницата Челзи вложи сè за победа и тоа се исплатеше. Во 96. минута младиот Естевaо одлично се снајде во шеснаесетникот и со прецизен удар ја запечати победата на „сините“. Возбудата не заврши таму, бидејќи тренерот Мареска доби црвен картон и го напушти теренот пред крајот, но тоа не го расипа славјето на Челси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×