Неколку извори објавија дека Челси извисил во трката за Даглас Луиз, фудбалерот од средниот ред ќе се врати во Астон Вила.
Минатата недела се појавија информации за шокантен трансфер, Даглас Луиз беше најавен како засилување за Челси.
И покрај тоа што Бразилецот не игра во Нотингем Форест, клуб кој се бори за опстанок, беше идентификуван од тренерот Лиам Росениор како идеален додаток во средниот ред на „сините“.
Но Челси ќе извиси, Даглас Луиз се очекува во следните денови да се врати во Астон Вила, на позајмица до крајот на сезоната.
Астон Вила мораше итно да реагира поради повредите на Бубакар Камара, Џон МекГин и Јури Тилеманс, па кога му се јавиле на Даглас Луиз, тој без размислување одговорил позитивно.
Останува да се види под кои услови ќе се реализира зделката, Јувентус за негов ангажман пред 18 месеци плати околу 50 милиони евра.