Челси повторно влегува во фаза на голема реконструкција, а освен потписите сега се подготвува и масовна чистка на ростерот.
По неколкуте турбулентни сезони во кои се менуваа тренери како на лента (Потер, Лампард, Покетино…), секој со свои визии и засилувања, на „Стемфорд Бриџ“ се создаде тим преполн со фудбалери на сите можни позиции. Сега, новиот шеф на струката, Енцо Мареска, реши да ја среди ситуацијата.
Англиските медиуми пренесуваат дека дури 17 фудбалери се ставени на трансфер листата кои или ќе бидат продадени, или испратени на позајмица. На таа листа се најдоа имиња како: Веига, Дисаси, Сар, Бадијашил, Анселмино, Чилвел, Гилкрист, Угучукву, Чуквуемека, Дусбери-Хол, Паез, Стерлинг, Џексон, Нкунку, Броја, Гуиу и Фофана.
Во меѓувреме, Челси не мирува на пазарот и се очекуваат уште две нови засилувања. Стоперот Јереми Хато и офанзивниот играч за врска Чави Симонс се блиску до договор со „сините“, кои планираат темелно нов почеток со покомпактен и поефикасен состав.