Челси продолжува со купи-продај, на излезна врата тројца фудбалери кои имаа епизодна улога

by bojan
1 минути читање

Како што пренесуваат медиумите од Англија, Челси е на добар пат да ги продаде Кирнан Дусбери Хол, Лесли Угочукву и Карни Чуквуемека, сите тројца имаа епизодна улога на „Стемфорд Бриџ“.

„Сините“ потрошија над 1,5 милијарда фунти на засилувања откако Тод Боли ја превзеде сопственоста на клубот.

Па сега на излезна врата се многу фудбалери кои реално и немаа иднина на „Стемфорд Бриџ“.

Последните информации велат дека паднал договор со Евертон за продажба на Кирнан Дусбери Хол во зделка вредна 25.9 милиони фунти, плус додатни 4 милиони фунти во бонуси.

Челси исто така го договорил трансферот на Лесли Угочукву во Барнли во зделка вредна над 20 милиони фунти.

Преговори се водат и со Борусија Дортмунд за продажба на Карни Чуквуемека во Борусија Дортмунд.

Со оваа политика купи-продај на играчи кои имаа епизодна улога, Челси ги билда билансите и ќе искаже добивка, а со тоа ќе има повеќе простор за нови засилувања без да бидат прекршени правилата за Финансиски фер плеј, односно Профит и одржливост.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×