101
Клубот од „Стемфорд Бриџ“ објави дека сезоната 2024/25 е завршена со огромен минус од 262 милиони фунти, оваа загуба е највисока во историјата на Премиерлигата.
Челси ги сподели првичните информации за финансиската година која заврши на 30. јуни, забележана е загуба пред оданочување од 262,4 милиони фунти.
Овој минус е најголем во историјата на Премиерлигата, претходниот рекорд го држеше Манчестер Сити ,кој во сезоната 2010/11 пријави загуба од 197,5 милиони фунти.
Се очекува „сините“ во следните денови да го објават целиот извештај и да се види како настанале загубите.