Од редовите на Челси се максимално активни и во последниот ден од преодниот рок, клубот од Лондон официјално го претстави 20-годишниот аргентински талент Факундо Буананоте, а во исто време постигна договор со Баерн Минхен за трансфер на Николас Џексон.
Буананоте, кој минатата сезона ја мина во редовите на Лестер, пристигнува како позајмен фудбалер од Брајтон и ќе биде нова офанзивна опција за тимот на „сините“. Младиот Аргентинец се одликува со универзалност, може да настапува и како офанзивен играч за врска и како крило.
Џексон од друга страна ќе ја продолжи кариерата во Баерн, каде исто така се сели на позајмица, но со задолжителна клаузула за откуп следната година. Деталите за конечната сума не се откриваат, но познато е дека Челси веднаш ќе инкасира 15 милиони евра само за позајмицата.
