Челси постави луда цена за Николас Џексон – сигурно никој нема да ја плати

by bojan
1 минути читање
Челси постави неверојатна цена за својот напаѓач Николас Џексон

Челси ја одреди цената на Николас Џексон, клубот од Стемфорд Бриџ бара неверојатни 100 милиони фунти (околу 115 милиони евра) за продажба на напаѓачот.

Челси пред две години го купи Николас Џексон од Виљареал во зделка вредна околу 32 милиони фунти, но не се задоволни од неговиот голгетерски учинок, па летово ги донесоа Лиам Делап и Жоао Педро како засилување за офанзивата.

Но и покрај тоа, „сините“ прилично високо го вреднуваат напаѓачот и поставиле цена од неверојатни 100 милиони фунти (околу 115 милиони евра).

Ваква сума за Николас Џексон сигурно никој нема да плати, а потегот на Челси следи откако Милан пројави интерес за услугите на Камерунецот.

ФОТО: X/Chelsea FC

Можно е и ова да ти се допаѓа

×