117
Српскиот репрезентативец Страхиња Павловиќ игра одлична сезона во дресот на Милан и со своите партии го привлече вниманието на клубови од Премиер лигата.
Дефанзивецот важи за еден од најдобрите во Серија А оваа сезона, а интересот од Англија веќе станува конкретен. Според „Калчо Меркато“, Челси сериозно размислува за негов ангажман.
Лондонскиот клуб е подготвен да понуди околу 40.000.000 евра, сума која е повисока од таа што се споменуваше во периодот кога Галатасарај покажуваше интерес.
Тренерот Лиам Росениор наводно го гледа Павловиќ како столб во одбраната за следната сезона, додека засега не е познато какво обештетување ќе побара Милан за српскиот стопер.