Челси подготвен да тргне по потписот на двајца фудбалери на Милан, но под еден услов

by bojan
1 минути читање
Милан

Според пишувањата на Калчомеркато, Челси е подготвен да тргне по потписот на Рафаел Леао и Тиџани Рајндерс доколку Милан не обезбеди настап во Европа.

„Росонерите“ врзаа три порази во низа во Серија А па големи се шансите да останат без топ четири пласман, во моментов Јувентус има +11.

Без настап во Лигата на шампиони, Милан ќе има голема дупка во буџетот, па веројатно клубот од Сан Сиро ќе треба да ги балансира сметките со продажба на најдобрите играчи.

Па неколку клубови внимателно ја следат ситуацијата и како што пренесува Калчомеркато, Челси мерка двајца фудбалери.

„Сините“ се подготвени да тргнат по потписот на Рафаел Леао и Тиџани Рајндерс под услов Милан не обезбеди настап во Лигата на шампиони, или пак Лига Европа, и со тоа ќе се најдат во ранлива позиција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани