Челси сериозно размислува за голем трансфер во летниот преоден рок и го стави Винисиус Жуниор високо на својата листа на желби.
Бразилецот има договор со Реал Мадрид до 2027 година, но преговорите за продолжување во моментов се во застој, што отвора простор за шпекулации околу неговата иднина.
Според „Гардиан“ и неколку шпански медиуми, лондонскиот клуб е подготвен да понуди околу 160 милиони евра за напаѓачот. Реал сака да го задржи Винициус, а и самиот фудбалер не ја исклучува таа опција, но доколку наскоро нема напредок, во Мадрид наводно се подготвени да го стават на трансфер листа за да избегнат ризик од заминување без обештетување.
Ако се реализира ваков трансфер, Винисиус би станал третиот најскап фудбалер во историјата, зад Нејмар и Килиан Мбапе.