Челси победи во Кардиф за полуфинале од Лига Купот

by riste
0 минути читање

Челси со 3-1 славеше на гостувањето кај Кардиф и се пласира меѓу најдобрите четири во Лига Купот на Англија, сите погодоци паднаа во вториот дел од натпреварот.

Резултатот го отвори Гарначо во 57. минута од натпреварот, но домаќините успеаа да се вратат. Во 75. минута Трнбул изедначи на 1-1.

Сепак Челси покажа дека е поквалитетен противник, па Нето во 82. минута го врати водството на сините.

Конечните 3-1 ги постави Гарначо со својот втор гол, овојпат во 93. минута од натпреварот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×