252
„Сините“ го меркаат Морган Роџерс од Астон Вила и се подготвени да понудат двајца фудбалери плус пари за да стигнат до потпис на перспективниот Англичанец.
Клубот од Стемфорд Бриџ е во преговори за ангажман на Чави Симонс од РБ Лајпциг и Џорел Хато од Ајакс, се очекува за нив да бидат потрошени преку 100 милиони евра, но шопингот на Челси нема да запре тука.
Челси го мерка Морган Роџерс од Астон Вила, и за да го добие перспективниот Англичанец, подготвува примамлив предлог.
Ќе бидат понудени двајца фудбалери – Тосин Адарабиојо и Николас Џексон, плус одредена сума на пари во замена за младата ѕвезда.
ФОТО: X/Aston Villa