Челси не знае кај тера, ќе се засилува со играч кој не е стартер во клуб кој се бори за испаѓање

by bojan
1 минути читање

Неколку извори од „островото“ објавија дека Челси сака да го ангажира Даглас Луиз од Нотингем Форест, кој има драстичен пад во формата по заминувањето од Астон Вила.

„Сините“ трошат како никој друг откако клубот премина во рацете на Тод Боли, но често се влечат потези кои немаат логика.

Во тој правец одат и последните гласини, Челси сака да го ангажира Даглас Луис од Нотингем Форест.

Новиот тренер Лиам Росениор верува дека Бразилецот ќе донесе „квалитет и длабочина во тимот“, но многумина се скептици со оглед на тоа Даглас Луиз во моментов не може да се избори за стартно место во тимот на Нотингем Форест, кој се бори за опстанок.

Бразилецот во дресот на Астон Вила се промовираше во еден од најдобрите фудбалери од средниот ред, но има драстичен пад на формата по заминувањето од Вила Парк.

Минатата сезона не се снајде во Јувентус, а сега се мачи со формата и во дресот на „шумарите“.

ФОТО: X/Nottingham Forest

Можно е и ова да ти се допаѓа

×