766
Екипата на Челси ја оправда фаворитската улога и во вечерашните натпревари од Премиер лигата славеше најубедлива победа против Саутемптон со 4:0.
Натпреварот беше решен уште во првото полувреме кога „сините“ постигнаа три гола. Резултатот го отвори Нкунку по 24 минути игра, потоа погоди Педро Нето, а Колвил се погрижи за 3:0 пред крајот на паузата.
Во вториот дел Челси сигурно ја одржуваше својата предност за Кукуреља во финишот да ги постави конечни 4:0.
Челси со овие три бода дојде до 46 бода на третата позиција, но со натпревар повеќе од Манчестер сити. Саутемптон од друга страна е веќе отпишан и на последната позиција има само девет бода.