Челси мерка двајца Холанѓани вредни преку 100 милиони фунти

by bojan
1 минути читање

„Сините“ сакаат да го продолжат летниот шопинг со две имиња од Холандија, клубот од Стемфорд Бриџ е заинтересиран за Чави Симонс од РБ Лајпциг и Џорел Хато од Ајакс.

Челси до овој момент потрошија преку 200 милиони фунти на засилувања, но нема да застанат тука и планираат да инвестираат уште 100 милиони фунти до крајот на преодниот рок.

„Сините“ меркаат двајца Холанѓани – Чави Симонс од РБ Лајпциг и Џорел Хато од Ајакс.

Клубот од Стемфорд Бриџ подолго време е во контакт со Чави Симонс и се верува дека паднал договор помеѓу двете страни, сега Челси ќе треба да пронајде заеднички јазик и со РБ Лајпциг.

Што се однесува до Џорел Хато, почнати се преговори со Ајакс и се опипува терен за условите под кои може да се реализира зделката, клубот од Амстердам високо го цени дефанзивецот и бара околу 60 милиони фунти.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×