529
Челси успеа да дојде до потписот на еден од најголемите таленти во Европа, фудбалерот на Спортинг Лисабон, Џовани Кенда.
Се работи за 17-годишен играч за кој Челси плаќа околу 50 милиони фунти.
Договорот е комплетиран, фудбалерот ќе стави потпис на седумгодишен договор со опција за уште една дополнителна сезона.
Поминати се и медицинските тестови, а Кенда ќе почне да игра за Челси во 2026 година, дотогаш ќе продолжи да го носи дресот на Спортинг.
Се работи за фудбалер кој игра по десната страна од теренот како крило и како бек.