16
Англискиот офанзивец Рахим Стерлинг има нов клуб. Постигнат е договор со Феенорд, каде што ќе пристигне како слободен играч по разделбата со Челси.
Стерлинг важеше за еден од најплатените фудбалери во лондонскиот клуб, но одамна не беше во плановите за иднината. Раководството во изминатиот период бараше решение за неговиот статус и на крајот успеа да пронајде излез.
Со трансферот во Ротердам, искусниот крилен напаѓач ќе се обиде да ја оживее кариерата и повторно да се наметне во европскиот фудбал.